Колку сте зависни од Инстаграм?

Ако ве интересира колку време од денот ви оди на Инстаграм, сега конечно ќе можете да следите. Инстаграм има алатка, Usage Insights, длабоко закопана во апликацијата за Андроид, како одговор на сè поголемите секирации дека луѓето стануваат зависни од телефонот.

По колку пати на ден се фаќате како безумно скролате по Инстаграм за да ви помине време?

Или можеби сте од оние, помрачните корисници што шпионираат други корисници од икс причини?

Стварно, во колку сфери од животот ја користите апликацијава? Инспирација за облека? Клипови од Кардашијанс? Секоја мачка постирана на Инстаграм, евер?

За среќа (а можеби и за жал) сега се развива едно делче во апликацијата што ќе ви овозможи да видите баш колку време од денот, неделата или месецот трошите на Инстаграм.

Го откри една корисничка, Џејн Марчун Вонг, а во серија твитови, ова го потврди и Кевин Систром, објаснувајќи дека е ова база за една поразвиена верзија на Usage Insights.

„Градиме алатки што ќе ѝ помогнат на Инстаграм заедницата да следи колку време поминува на Инстаграм - секое поминато треба да биде позитивно и намерно. Да се разбере како времето поминато онлајн е многу важно и сите компании имаат одговорност да бидат искрени по ова прашање. Сакаме да бидеме дел од решението. Таа одговорност ја сфаќам сериозно,” пишува тој.

Систром не кажа точно дали новото ќе покажува тотал од времето поминато на апликацијата и дали овие бројки ќе се мерат на дневно, неделно или месечно ниво. Дополнително прашање е како на Инстаграм им се прави ова со оглед на тоа што можноста да видат колку време губат на него може да предизвика пад во процентот на корисници.

Сепак поважно е дека зависноста станува алармантна, со тоа што една студија направена во 2017-та покажува дека времето поминато во телефон во рака се зголемува за 20% секоја година, а тоа е поврзано и со зголемена анксиозност и ризик од депресија кај корисниците. Така што, допрва ќе дознаеме дали Инстаграм стварно се секира за нас, или гледа потенцијал во такмичењето со скриншотови на стори кој повеќе време поминал во текот на денот.

Фирмата-мајка на Инстаграм - Фејсбук нешто не е забрзана да додава вакви работи со оглед на тоа што тука е поголема опасноста луѓето да се свестат. Сè што направија е менување на алгоритмите за да ги направат приоритет интеракциите на корисниците на содржина што пасивно се гледа. Како резултат, за прв пат се намали бројот на дневните корисници во Северна Америка.

16 мај 2018 - 18:51