Колку подосадна, толку поинтересна за унапредување

И истражувањето што дошло до овој поразителен заклучок не е направено во Колумбиско село. Напротив, на запад е.

Според едно ново истражување на Универзитетот во Аризона, жените кои се досетливи и хумористични на работно место често не ги сфаќаат сериозно и можат да пропуштат и можност за унапредување. Прекрасно.

Додека се спремате или да напуштите работа и да одите таму каде што жена со смисла за хумор не е ѓаволот, или да се оперирате од хумор, еве ги деталите:

Истражувањето, спроведено на 300 луѓе, доаѓа до заклучок дека смешна жена може да остави впечаток дека е помалку ефикасна и дека не е доволно способна за водење како што е еден смешен маж.

Истражувањето се спроведувало со видео-снимки од двајца менаџери со име Сем - маж и жена. Половина од учесниците го гледале мажот, другата половина жената. Мажот сите го бендисале, жената поминала послабо.

За жената сметале дека има послаби лидерски способности, дека е помалку ефикасна и дека е проблематична, додека целокупната појава на мажот се сметало дека е подобрена ако каже некоја шала.

Но зошто? Зошто луѓето сметаат дека мажите треба да бидат смешни на работа? Шокот е во следното:

Истражувачите се уверени дека ова е директно врзано со стереотипните очекувања за жените и мажите. Бидејќи мажите имаме тенденција да ги гледаме како природни водачи, нивните „шали” на работа се сметаат за дел од некаков менаџерски мастер план; а кога жените имаат и ја покажуваат смислата за хумор, колегите веднаш сметаат дека не си ја сфаќаат работата доволно сериозно.

Значи, на грбот на вработените жени, покрај имањето семејство, па и немањето семејство, прекфалификуваноста, па после и неквалификуваноста, го додаваме и стереотипот дека не можат да бидат ни шармантни без да се соочат со социјални реперкусии.

Закон свет, мора да се признае.

11 март 2019 - 00:59