Неделна доза ентериер (па, и екстериер, богами):

Кој сака викендица од 75 милиони долари?

Имотот е Кристал Поинт, се наоѓа на езерото Тахо и можете да си го купите за 75 милиони долари.

Има 8 спални, 10 купатила, 13 камини, џакузи покрај планина, кино, винарска визба и приватна плажа до која се стига само со двата лифтови инсталирани на ридот.

Седумдесет и пет милиони долари. Секој со своите афинитети нели, ама нели некако подобра идеја е 75 (седумдесет и пет) станови низ Европа? Океј, не мора сите низ Европа. Нека бидат - по 4-5 на секој континент. Не ви се живее баш во Африка? Океј, нека бидат 10 во Америка и 65 во Европа.

Затоа што, ова некако многу работа ни се чини... Рачно делкани животни од дрво? Водопади и карпи? 13 камини? Па, замисли да фати некое невреме и градинарот, батлерот, помошничката, куварот, чистачот на базени, оџачарот и мајсторот за лифт да заглават некаде. Па, кој тоа ќе среди, бе?

Сто посто затоа се продава.

4 октомври 2019 - 00:11