Кој сака да се вози во Hello Kitty воз?

Додека ние се мачиме да ги одржиме основите на железничкиот сообраќај, Јапонија е толку напред со материјалот, што веќе има време и да се разонодува во однос на своите возови.

И што ќе прави Јапонија?

Ќе пушти Hello Kitty воз. Па и опасен, мачо маж што дига тегови да си, ќе ти биде забавно да се повозиш од точка А до точка Б. Единствен проблем можат да бидат расврискани деца (овој пат, човек не може ни да ги обвини, во Hello Kitty воз се), ама ќе се издржиш.

Тоа што е розев, со машнички не му пречи да биде експресен воз. Ќе има и вагон за сувенири и простор за подмирување на сите Инстаграм потреби, ако заборавиш дека целиот воз е инстаграмлив.

Целта е да се ревитализираат локалните области, па така при возењето ќе можат да се чујат информации за местата низ кои се поминува. Рековме дека Јапонците се залутани на планетава, само овој пат кажано во најдобар можен контекст.

Hello Kitty воз, бе! Па, ние една пруга правиме 30 години.

6 февруари 2019 - 00:23