Кој ги оддржува библиотеките во живот?

Додека светот избезумено дебатира за статистики околу тоа кој колку чита и дали чита електронски или хартија, паралелно се бројат и работите што миленијалците ги уништуваат со нивните навики и начин на живот. И стварно, излегува дека миленијалците утепаа сè, освен - библиотеките.

Не само што не им наштетија, туку баш оваа генерација е одговорна за тоа што технолошките трендови сè уште не затвараат масовно библиотеки. Но прво:

millenials - познати и како генерација Y, односно луѓе родени во '80-ти, '90-ти и рани 2000-ти. Стереотипот е дека тоа е генерација што смета дека свашта нешто ѝ следува, а карактеристиките најчесто вклучуваат нарцисоидност

Генералното мислење е дека уништуваат сè што претходната генерација поставила како стандард. Не возат коли, не користат салфетки, виновни се што дрвени трупци се продаваат како маси за троцифрени суми итн.

Но сепак, една нова студија покажува дека претставниците баш на оваа генерација се тие што покрај тоа што си го раскажуваат животот на Твитер, се залагаат и за поддржување на своите локални библиотеки.

Според една анализа на Pew Research Center, во последнава година, 53 проценти од миленијалците посетиле јавна библиотека, во споредба со 43 проценти од тие пред нив. Истото истражување заклучува и дека тие најчесто посетуваат официјални сајтови на јавни библиотетки. 

Љубовта се должи на тоа што библиотеките бесплатно го даваат тоа што ѝ е потребно на оваа таргет група.

„Бибилиотеките се многу сменети,“ вели Ева Митник, директорка во јавна библиотека во Лос Анџелес. „Не се само книги по полици, туку има повеќе детали што им се допаѓаат на миленијалците.“ Истакнува дека тука спаѓа брзиот интернет, образовните програми и самиот простор за креативни луѓе кои сакаат да се соберат и да работат на некаков проект. И поради тоа постојано се враќаат.

И не ги спојува само тоа. Миленијалците и библиотеките имаат уште нешто заедничко: повредени се од Големата рецесија, и во исто време се враќаат на нозе.

17 јули 2017 - 12:44