Што ти прави досада:

Кога капите фатија еден бизарен правец во '50-тите

British Pathé е едно богатство од снмики што сведочат за секое поле од животот кога нашите баби и дедовци биле мали. Заради нив знаеме како пред 60 години правеле пудра, и они сведочат за постоењето на салони за убавина за мажи, матејќи им ја водата на (непостоечките) алфа-мажи. А понекогаш, чуваат и вакви работи: во еден момент, жените се такмичат која ќе извади побизарна капа.

Но, да не забораваме дека се '50-ти во прашање. Така што, бизарноста е тематска, каде што темата е - кујна. Останува да одлучиме дали е старечка шала, затоа што тие што коментираат на Јутјуб никако да одлучат.

Ова наводно е од пумпата за судопер. Ваистина тематско.

14 ноември 2017 - 15:22