Празници се ближат:

Ќерка ми полудела

…или: Како еден список на новогдишни желби стана вирален.

Се ближат Божиќ и Нова година и едно десетгодишно девојче од Калифорнија решава дека нема што веќе да се устручава и да биде внимателна, дека и нејзината е душа и дека ќе си направи списоче на сè што ѝ треба во моментот. И што татко ѝ треба да ѝ го обезбеди.

А ѝ требаат многу специфични работи.

Таткото се разбира, воопшто не е пресреќен.

Меѓу другото, на списокот има:

  • Ајфон 11
  • ЕрПодс
  • Нов Мекбук
  • Вистинско зајаче
  • Облека
  • Шминка
  • Облека за зајачето
  • Шанел ташна
  • Ванс со шаховница
  • Го Про
  • 4000 долари
  • Часовник со аларм

Некои работи не ги ни разбираме баш, ама знаеме колку е важно да се има облека за зајачето, добар аларм за будење и се разбира, многу убаво знаеме колку е добро да се има 4000 долари.

Девојчето си доби масовна поддршка на Твитер, со над 120.000 лајкови и 25.000 ретвити, ама еден од појаките коментари беше упатен кон таткото што сето ова треба да го покрие:

„Имаш месец дена да купиш сè што има на списокот. Атмосферата во домовите за старци знае да биде тешка.”

28 ноември 2019 - 00:00