Астрономија и Шанел

Карл Лагерфелд и муабетот за францускиот астронаут

Во март на ревијата на Шанел во Grand Palais, Карл Лагерфелд донесе ракета од 35 метри, направи шоу инспирирано од вселената и го нарече Rocket Man, ја пушти есенската колекција за 2017-та, а луѓето останаа подзинати.

Зашто сево ова? Затоа што е воодушевен од Томас Песке.

Песке е астронаут што редовно ја информира француската нација што има ново во вселената од Меѓународната вселенска станица уште од ноември.

„Му се восхитувам,“ вели Лагерфелд, „тој е инспирација за мода - затоа што јас бев индиректно инсприран не само од местото каде што се наоѓа, туку и од неговиот карактер. Мислам дека е похаризматичен од неговите претходници.

А Песке шармантно го оправдува мислењето: „Многу сум поласкан што Карл Лагерфелд влече инспирација од вселената за неговите колекции. Фала богу, не црпи директно од облеката на самите астронаути – не сме ние најбоље со поло маици со амблем од Европската вселенска агенција и панталони со учкур.“

Томас Песке се занимава со макаронс на нула гравитација.

„Но, во ред,“ продолжува тој. Французите и кога се астронаути се шармантни, бе. „Тоа значи дека вселената ги тера луѓето да сонуваат, и тоа е добро, затоа што ова го правиме за нив. Не го правиме од забава, туку за да бидеме корисни за општеството на крајот на краиштата.“

На прашањето дали би се заменил со Песке, Лагерфелд мудро одговара дека му е малку касно. „Башка, обуката е страшна, а јас на пример зборувам само четири јазици, тој сигурно зборува шест, така што гледате, не е доволно.“

На крај, има само едно прашање: „Има ли некако начин да се дизајнира соба кај мене дома, каде што би можел да лебдам наоколу? Многу би ми се допаднало тоа.“

И мене.

19 мај 2017 - 13:03