Какви прашања се поставуваат на уметник?

Затоа што најглупото прашање што можеш да му го поставиш на човек што се бави со креативна работа е „Што работиш сега?”

Не секој уметник, прашан за неговиот креативен процес, ќе почне да зборува за соѕвездија, во метафори и да отекува. Некои навистина сакаат да дадат нормален одговор, одговор што нема да биде облечен во бапски шал и долга, грда сомотска сукња, па според тоа, прашањето „и што правиш сега”, во контекст на идно дело или дело во процес ќе го избезуми и нема да знае од каде да почне. Ретко ќе начекате (за жал кај нас малку почесто) човек што ќе ви рече „еј многу јака работа правам сега.”

„Многу е тешко да одговориш што создаваш, затоа што сè е тоа една голема спа,” вели сликарката Џоана Пусет-Дарт, една од трите уметнички кои учествуваа на дискусија на тема: Ако се најдеш во муабет со уметник на забава, што треба да го прашаш?

Лиса Јускавиџ која исто така учествуваше сподели едно интересно прашање (кое може треба и да се избегнува):

„’Како знаеш дека сликата ти е завршена?’ Прашањето е интересно… но одговорот е ‘ми снема работи за правење.’ Прашањето на кое можам да се задржам е 'Кој ти е омилен дел од процесот на создавање?’ Најнеомилен знам да кажам дека ми е почетокот.”

Во секој случај, да прашаш за омилен дел од креативниот процес предизвикува еден пријатен тек на разговорот каде што на самокритичниот уметник му е дозволено да се изземе од делото и да зборува за највозбудливиот момент, притоа неоптеретен со давање оценка за неговото недовршено дело.

Дискусијата беше дел од промоција на книгата Tell Me Something Good, колекција од 60 интервјуа со уметници, правени во текот на 20 години за њујоршкото списание The Brooklyn Rail.

12 март 2018 - 11:27