Како ви звучи Москино + Симс?

Ненормално? Да. Забавно? Скроз.

Москино се спојува со Симс за да можеме да имаме уште побизарни комбинации за смислување.

Во чест на речиси двете децении што ги потрошивме на Симс, Џереми Скот дизајнираше капсула посветена на играта. Ќе има (се разбира) ограничени количини, а ќе ги има оние класични Симс-мотиви, како plumbob-от на пример (зелениот дијамант над главите, така се викал), костим за капење, маската за телефон инспирирана од омилениот сладолед на Сим-овите, и шарена Уни-лама маичка. И уште некои пикселизирани работи.

Во превод, прво, Москино претера со закачање работи што ни се битни, второ, никако да стигнеме до нив затоа што се распродаваат за саат време, трето и да стигнеме, не можеме да дозаработиме за да фатиме по нешто секоја сезона.

„Многу ми се допаѓа идејата да можам да замислам, дизајнирам и оживеам свет на индивидуални личности со универзумот на Симс,” вели Скот. „Тој концепт го отелотворува она што можам да го правам со секоја колекција на Москино кога креирам фантастичен универзум со спектакуларни приказни и ликови.”

Ако случајно некој мисли дека има среќа, колекцијата ќе ја има во сите Москино бутици ширум светот и на moschino.com од 13-ти април.

15 април 2019 - 02:21