Како да се извадиш кога ќе те нападнат емоции на работа

Многу луѓе се нашле во ситуација да зовријат на работа, па да изреагират побурно отколку што би сакале. Дали е расправање со претпоставен, со колега, или неправда, или доаѓање преку глава - воопшто не е ретко - ама има начин да го избегнеме.

Едно истражување покажува дека 41 процент жени кажуваат дека плачеле на работа во последната година. Само 9 проценти мажи го кажале истото, со тоа што а) лажат, б) не е само плачење начин да покажеш емоција. „Сите можат да бидат емотивни на работа, и тоа обично доживуваат едни исти емоции: фрустрација, лутина, тага,” вели Кимберли Д. Елсбах, професорка по менаџмент.

За жал, не сечии емоции се прифаќаат исто.

Мажите кои реагираат бурно на работа полесно се вадат од жените кои реагираат бурно, според Елсбах. Интересното е што, и мажите и жените различно ги доживуваат мажите и жените во такви ситуации. И мажи и жени се строги кон жени што плачат или викаат. И мажи и жени генерално лесно им простуваат (а често и им се восхитуваат) на мажи што плачат или викаат. Родовата природа на овие перцепции има многу врска со тоа како нè учеле да ги разбираме машките и женските улоги. „Кога мажите се лути, изразувањето со викање и лутење е конзистентно со нивната улога како лидери. Но кај жената, дури и во улога на лидер, дури и ако викањето одговара со таа улога, не одговара со улогата на една жена,” вели Елсбах.

Ова е чист сексизам и двојни стандарди на работно место и поразително е што постојат, само што, додека да ги искорениме, што можеме да направиме вакви ситуации?

Според Ен Кример, автор на „Секогаш е лично: Управување со емоциите на новата работа”, има само еден, константно успешен начин да ги зауздаш емоциите на работа. И добрата вест е што е лесно:

Стани.

„Да речеме дека си на состанок и си во конфликт со некој што не те разбира и можеш да пукнеш секој момент, или го чувствуваш солзите како ти надоаѓаат: оди напиј се вода,” вели Кример. Не се работи толку за водата колку за мрдањето. „Физичкото поместување го ресетира пара-сочувствителниот нервен систем и те става во поинаков мајндсет, со тоа овозможувајќи ти да се собереш, за да можеш да се вратиш и да го продолжиш разговорот со свежа перспектива.”

Можеби и сте го слушнале ова претходно, но Кример вели дека често се заборава во работна атмосфера. „Луѓето често забораваат дека имаат моќ да направат така и тешко е да се потсети човек на тоа,” вели таа. „Но едвај неколку ситуации постојат, дури и при напната дискуија со претпоставен, каде што не би можел да кажеш, „Знаеш што, ми се пие вода, може само да се напијам?” Повеќето луѓе знаат да препознаат кога се на раб на нерви - испотени дланки, забрзано отчукување на срцето, црвено лице, грутка во грлото итн. - и тоа е тој момент кога треба да делуваме, според Кример.

11 јуни 2018 - 14:44