Изгледа треба да избегнувате кето-исхрана

Не ви се чини дека секој ден се појавува нова „врвна, оваа е најјака, оваа нема промашај” диета? Најчесто поради два-три збора кажани од влијателна/славна личност? До пред некое време беше хроно, сега, веќе подолго имаме кето-ентузијасти што не престануваат воодушевено да раскажуваат за кето-диета како три дена да ја раѓале.

Прв пат се појавува како начин на исхрана одамна, од 1920-ти, но како што сме сведоци во последно време - се враќа.

Британската диететска асоцијација го вбројува овој Аткинсовиден метод меѓу најлошите селебрити диети во 2017-та, па еве сме, две години подоцна и прашањето е - како може се уште да има фанови?

„Ако сакате да ослабнете, може да станете многу ранливи. Постојано нè следат пораки за „совршено тело”,” вели портпаролката на БДА, Кирстен Џексон. „Модерните диети кои се екстремни создаваат искуство како во култ и лесно можат да ги вшмукаат луѓето.”

Што е кето?

А носи ризици, не дека не. Се зголемува ризикот од рак на цревата, дијабетес и срцеви болести, поради ограничениот внес на растителни влакна, што инаку би ги добиле од овошје, зеленчук и житарици.

„Оваа храна се елиминира или забранува во диетата. Се покажува дека исхрана богата со влакна ги намалува овие ризици за 30 проценти,” вели Џексон. „Го намалува и бројот на стомачни бактерии затоа што е ограничено внесувањето на пробиотска храна, а стомачните бактерии помагаат при многу основни функции, од варење и регулирање на тежината, до зајакнување на имунитетот.”

Дополнителен негативен ефект, и тоа од еколошка гледна точка, може да предизвика големиот внес на протеини. Плус, се ова е контра на „моменталните упатства за исхрана базирана на растенија,” вели Џексон.

И, поздрав начин на слабеење?

Џексон не ја препорачува кето-диетата за луѓе што немаат епилепсија (позитивните ефекти на кето врз епилептичари сè уште се испитуваат, некои испитувања покажуваат дека им влијае позитивно). Наместо тоа, препорачува балансиран начин, со намалување внес на калории и со вметнување на сите хранливи групи, наместо демонизирање на една.

„Како диететичар, морам да препорачам враќање кон внимателно јадење, контрола на порциите и базирање на секој оброк на растенија. Тоа не значи дека треба да се почне со вегански начин на живот, туку дека диетата треба главно да се состои од храна од растително потекло. Ова овозможува чувство на ситост и задоволство, а притоа се исполнуваат и сите нутритивни потреби.”

Важно е и да внесуваме храна што ја сметаме за „частење” затоа што никогаш не би се помириле дека „тоа ни е начинот на живот” ако сме премногу рестриктивни. Исхраната, вежбањето, сонот и менталната добросостојба влегуваат во предвид за одржливо и успешно слабеење.

7 јуни 2019 - 19:18