Илустрирана анксиозност

Луѓето што живеат со анксиозност знаат точно колку многу им влијае на секојдневието, и како им пречи при желбата да балансираат со работа, односи, па дури и сон.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Kayden Hines (@kaydenhines) on

Клер Кејден Хајнс е 32-годишна илустраторка од Беркли, Калифорнија и совршено ги фаќа оние фрустрирачки моменти во своите илустрации. Хајнс живеела со години без дијагностицирана анксиозност, до неодамна кога дознава дека има нарушување со општа анксиозност (generalized anxiety disorder или GAD). Како што кажува - вртење на хумор помага.

„Анксиозноста ми предизвикува да мислам дека никогаш не правам доволно, не постигнувам доволно и дека постојано не успевам или разочарувам некого,” изјавува таа за Хафингтон Пост.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Kayden Hines (@kaydenhines) on

„Мислам дека многу од нас - особено жени - сме под огромен притисок да правиме и да бидеме сè на секого,” продолжува. „Мојата уметност е реакција на овие притисоци и очекувања. Ми овозможува да си ги изразам фрустрациите и анксиозноста гласно и да ми станат смешни.”

Меѓу поубавите нешта откако ја канализирала анксиозноста во своите дела е реакцијата од други луѓе во иста ситуација. Хајнс вели дека помага да знаеш дека има и други што се справуваат со истото.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Kayden Hines (@kaydenhines) on

„Многу често не знам дали некој ќе се пронајде во тие чудни работи што ги објавувам, но јас секако го правам тоа - и пријатно сум изненадена и среќна кога ќе сфатам дека не сум единствената. Тоа ми е потсетник дека не сум сама и луда.”

Четириесет милиони Американци живеат со ова нарушување, а состојбата може и физички да уништува, со проблеми од типот на главоболки, забрзано чукање на срцето и болки во стомакот.

Сепак, емоционалните симптоми знаат да бидат уште потешки и често вклучуваат претерано размислување за нешто, претерана грижа, сомневање во себе и уште многу. Негативните мисли се суштината на анксиозноста на Хајнс.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Kayden Hines (@kaydenhines) on

„Кај секого е различно, но кога би ја советувала помладата верзија од себе, би и рекла дека ниедно достигнување не вреди да се уништиш себеси или да го жртвуваш здравјето. Не можеме бескрајно да издржиме под притисок и негативни мисли - ќе експлодира и ќе влијае и на телото и на умот.”

Се надева дека нејзините илустрации нема да ѝ помогнат само нејзе, туку дека ќе инспирираат и други да зборуваат за сопствените искуства и дека ќе го прифатат своето ментално здравје.

„Целта ми е, покрај креативниот аутлет, со моите постови да можам да ги убедам луѓето дека не се сами. Колку повеќе зборуваме за работите од кои се срамиме, или мислиме дека се ненормални, толку повеќе сфаќаме дека не сме сами. Кога сите би споделиле меѓу себе како се чувствуваме, би сфатиле дека сите овие стигми воопшто не се стигми, туку нешто нормално и често. И не се ни толку страшни и моќни колку што им дозволуваме да бидат.”

12 февруари 2019 - 00:00