Луѓето знаат да бидат ужасно напорни:

И Метрополитен музејот има свој Прометеј без гаќи

Метрополитен музејот во Њујорк тукушто објави дека нема да отстрани една контроверзна слика од изложба од причина што е глупо (без разлика што изјавата не е изразена баш со тие зборови). Сликата со наслов „Тереза сонува”, насликана во 1938-ма од францускиот сликар Балтус, прикажува девојче легнато на стол, со долната облека видлива под нејзината сукња.

Што ви текнува прво кога ќе ја загледате сликава? „Еј, види какво дело”, или „Еј, види малолетничка?” Ако е второто, во вас е проблемот.

8000 (со зборови: осум илјади) досадни луѓе „лако увредљиве природе” потпишаа петиција за музејот да размисли за одлуката да ја вклучи таа слика во изложба, тврдејќи дека е „вознемирувачки” што една институција, така позната како Мет охрабрува дела кои „сексуализираат” слика од девојче пред пубертет.

„Со оглед на моменталната клима околу сексуални напади и обвинувања која е сè појавна секој ден, со прикажување на ова дело пред јавноста, Мет романтизира воајеризам и објективизирање на деца,” тресе Миа Мерил на нејзината страница каде што ја има петицијата. Ја спомнува опсесијата на уметникот со малолетни девојчиња како контекстуален доказ за неприкладноста на сликата.

Портпаролот на музејот, Кенет Веин за Њујорк Пост објаснува дека музејот нема да го тргне делото, кажувајќи дека „вакви моменти даваат можност за разговор,” и дека мисијата на институцијата е да „собира, проучува, конзервира и претставува значајни уметнички дела од секое време и култура за да ги поврзе луѓето со креативност, знаење и идеи.”

Уметниците и познавачите исто така излегоа на Твитер да го поддржат Веин и неговата изјава, истакнувајќи дека петицијата не прави ништо друго освен промовирање цензура на уметноста.

Националната коалиција против цензура исто така излезе со поддршка, и со следната изјава:

„Недамнешните случаи со цензура, вклучувајќи ги и заканите со насилство кои го принудија Гугенхајм во Њујорк да отстрани неколку изложби, откриваат еден вознемирувачи тренд на обиди да се стиша уметноста која допира до тешки теми. Уметноста често нуди поглед на тешката реалност и како таква, и следува посветена одбрана.”

Има знак во музејот каде што пишува дека „некои од сликите на изложбата можат да вознемират некои посетители”, но Мерил ја ажурираше петицијата, па сега пишува дека би било успех и музејот да вклучи порака каде што експлицитно се истакнува педофилијата на Балтус – има и точна нарачка, како би можела мирно да спие, замислете: „Некои гледачи можат да се вознемират и да се навредат, со оглед на тоа што Балтус имал уметничка опсесија со млади девојчиња.”

Џери Солц, исто така познат и како најомилен уметнички критичар всушност го носи правиот заклучок:

„А бе, ако го извадите ова, би требало да ја извадите и целата уметност од Индија, Африка, Азија, Океанија, Грција, Рим, ренесанса, рококо, и импресионизам, германски експресионизам, Климт, Мунк и цел Пикасо и Матис. Можда ви е паметно сепак да се фокусирате на сексуални предатори и малтретирачи.”

6 декември 2017 - 13:14