И Хелен Мирен има коментар за девојка му на Киану

Веќе видовме како се распадна интернетот по шавови, откако Киану се појави со девојка. Видовме и дека личи на Хелен Мирен. И Хелен Мирен видела.

Девојката на Киану е Александра Грант, уметник и филантроп со која соработувале на две негови книги. Има 46 години, 10 години е помлада од него и да - личи на Хелен Мирен.

Дури имаше „да не е она?” прашања, без разлика што Мирен е среќно мажена за Тејлор Хакфорд уште од 1997-ма.

Коментарите се разбира стигаат и до нејзе, од Ентертејнмент Тунајт ја прашуваат што мисли.

„Видов,” му одговара Хелен на новинарот. „Многу бев поласкана, затоа што очигледно е прекрасна.”

И,

„Добро го познавам Киану. Работеше на филм со мојот сопруг и е една прекрасна личност. Значи, таа има среќа, а сигурна сум дека и тој има среќа со нејзе.”

После соработката на книгите на Киану „Ода на среќата” и „Сенки”, основале компанија, X Artists’ Books посветена на „внимателни, висококвалитетни книги во кои уметникот е најважен, и кои можат да се вклопат и во еден жанр и во повеќе жанрови.”

И ова е поинтересна информација од тоа дали е постара или помлада или ваква или онаква.

Прочитајте си тука.

8 ноември 2019 - 13:49