Холивуд и неговата крива насаденост за бремени актерки

Седум најголеми скандали поврзани со бременост кај актерки што морале да прашаат пред така да им растураат на продуцентите и продуцентските куќи.

1. Ингрид Бергман

Движечката сила зад овие тажни приказни е репутацијата - Бергман требало да ја знаат како „добрата девојка”, што не оставало место за аферата со (женетиот) Роберто Роселини чиј резултат била ќерката Пиа. После тоа се земале, но кариерата ѝ пропаднала. Дури откако се развеле, Холивуд подзаборавил, па Бергман добива и Оскар.

2. Џоан Крафорд

Во 1931-ва, Крафорд забременува (наводно) од Кларк Гејбл. МГМ средува за абортус, а Крафорд на нејзиниот отуѓен сопруг му кажува дека се лизнала на палуба на брод каде што снимала и го изгубила бебето.

3. Лорета Јанг

И овде Кларк Гејбл направил дете, а нејзина роднина тврди дека ја силувал. Јанг одбила да абортира, па студиото пуштило трач дека е болна додека да роди - родила дома во Лос Анџелес. После смислиле приказна со уште едно непостоечко бебе за на крај да направат да ја посвои сопствената ќерка.

4. Лана Тарнер

Откако забременила во 1941-ва, направиле промотивна турнеја во Хаваи за да го сокријат абортусот. Процедурата поминала без анестезија, на кревет во хотел, а мајка ѝ ѝ ја покривала устата со рака за да ѝ го задуши плачењето. 500-те долари за абортусот ѝ ги одбиле од плата и ја вратиле на снимање за една недела.

5. Џуди Гарланд

Бидејќи публиката ја сакала како дете, а не како мајка, Гарланд морала да абортира - прво кога забременила од сопругот Дејвид Роуз, па после пак, како резултат на афера.

6. Дороти Дендриџ

Режисерот ја натерал да игра во Кармен Џонс. Потоа ја забременил и одбил да се разведе од жена му. Студиото барало абортус, не само за тоа што дете би ѝ го уништило имиџот, туку и затоа што режисерот бил белец.

7. Чарли Чаплин

Кога ќе се спомне Чарли Чаплин, обично ни текнува на забавно, не на малолетни девојчиња. Сепак, имал навика да се жени за тинејџерки, и тоа го направил четири пати. Втората жена на Чаплин тврдела дека се согласил да се ожени за неа само откако ја забременил, па потоа се обидел да ја убеди да абортира. Со тек на време се развеле, а тој продолжил на уште две млади девојки, од кои со втората се оженил кога таа имала 18, а тој 50.

10 јуни 2019 - 12:59