Г-ѓа или г-ца: Промашената инвестиција во „Ms”

Како се претставувате во мејлови по странство? Miss? Mrs? Или одлучени сте дека ви следува покомплицираното Ms? Изгледа ова последново не објаснува баш сè самото по себе.

Настанато е за да биде еднакво со Mr. односно, како што Mr. важи за сите мажи на светов, без при неговото користење да се остава простор за претпоставка околу нивниот брачен статус и Ms сака да го постигне истото. Според некои луѓе – сосема безуспешно. Еден американски јазичен експерт ја открива најраната појава на Ms во 1901-ва, во една колумна на Спрингфилд Сандеј Републикан. Тонот на колумната асоцира на тоа дека варијантата ја смислил самиот автор. Откако ја истакнува бруката што настанува кога некој ќе згреши околу Miss и Mrs кога се обраќа на жена, авторот пишува:

„Значи, јасно е дека е потребен еден поопфатлив термин кој го одредува полот без да приложи било какви погледи кон семејната ситуација, а што е поедноставно или пологично од она што двата спорни термини го имаат заедничко.”

Така го имаме Ms, ама како и кај сите работи што се смислени за да се најдеш у работа, се отвара дебата за тоа дали Ms треба да се пишува со точка како Mr.

Феминистките, односно една Шила Мајклс го открива на едно писмо напишано до нејзината цимерка, и им го доближува на феминистките во ’60-ти и ’70-ти. Неправдата според Шила лежи во: „Зошто сите мажи се претставуваат со Mr, но пред воопшто да го чуеш името на жената мора да дознаеш дали е мажена или не?”

Две години подоцна, Глорија Стајнам отвара феминистичко списание и го нарекува Ms. Станува многу популарно, и Ms влегува во редовна употреба. Тогаш жените почнуваат и да го задржуваат своето презиме, наместо да го земаат презимето на мажот, што е огромен чекор подалеку од она на претходните генерации: пред брак да се Џули Џонс, а откако ќе се омажат да станат Г-ѓа Џон Смит.

Ms требаше да биде неутрално, требаше да нема значење – исто како Мр, oсвен да каже дека се работи за женско. Тоа не ги спречи луѓето ПОВТОРНО да носат заклучоци, испровоцирани од причината на жената да се претстави со тој назив.

Во една радио емисија ги прашуваат слушателите на што им асоцира Ms.

На разведена.

На лезбејка.

На „шо ти е гајле што сум”.

Ги тера да поставуваат прашања: А што запнала за тоа? А што има да крие?

И тука се поставува прашањето: Дали оваа феминистичка кампања е промашена инвестиција од старт?

Проблемот е што Ms може да биде неутрално само ако употребата е универзална. Mr нема посебно значење затоа што СИТЕ мажи го користат. А ваму, сè уште се користат Miss и Mrs, додека Мs добива значење што никој не го сака.

Ботом лајн: Да бидеш Miss или Mrs на времето влечело еден општествен товар. Ако си Miss, зашто не си мажена, ако си Mrs си нешто горда. Аналогно на тоа, ако си немажена, а ти се обратат со г-ѓо, нешто те прават стара, а ако си мажена и ти се обратат со г-це, те вреѓаат затоа што не си ти распуштеница.

Сето ова пред мнооогу години. Зошто е денес битно во старт да се сокрие или да се истакне брачниот статус? Не е, само чекаме да стигне информацијата до сите. Ќе почекаме.

Особено локално, затоа што, додека жените во светот се борат за своите права и сакаат по секоја цена да останат свои, па се трудат да користат вакви термини, овде кај нас, жените гордо го одбележуваат нивното стапување во брак – со земање на презимето во машки род.

Најјаки сме.

11 септември 2017 - 09:40