Ема Вотсон измисли нов термин за „сингл” и подраг ќе ви биде

Не е тешко да ги заулавиш луѓето што живеат на интернет, особено ако им послужиш нешто добро. Така, Ема Вотсон во едно интервју случајно го срочи терминот „self-partnered” наместо сингл, и сега сите станаа „сам свој партнер”.

Подобро звучи затоа што „сингл” како да значи некој транзит период, како да си во исчекување статусот да ти се смени. Self-partnered од друга страна, ти дава еден призвук на самозадоволство и контрола, карактеристики што сè повеќе сингл луѓе ги имаат, наспроти оние што уште „го чекаат вистинскиот - па се сингл.”

Во интервјуто за Вог, се дискутира за филмот „Мали жени” што допрва треба да излезе, за феминизмот и општествениот притисок кога ќе наполниш 30.

„Си мислам, боже, колку ми е стресно и анксиозно. И сфаќам дека одеднаш (29 има) се појавува наплив од скриени пораки насекаде,” кажува Вотсон за Британски Вог.

„Ако не си изградила дом, ако немаш сопруг, ако немаш бебе, а полниш 30, а не си ни во некоја сигурна, стабилна точка во кариерата, или уште се трудиш да се најдеш… Постои неверојатна количина на анксиозност.”

И тука го смислува self-partnered.

„Никогаш не сум верувала во тоа ‘Среќна сум вака сингл’, секогаш ми звучело лажно. Долго време ми требаше, но сега сум многу среќна сама. Го нарекувам тоа сам свој партнер.”

Можете ли да замислите што се случи по Твитер? Дожд од жени и твитови. Некои од нив навистина среќни што се сингл, а никако некој да им поверува - сега пресреќни што конечно имаат термин што опишува точно како живеат. Некои од оние што се во транзит зона, конечно добиваат инспирација за гордеење со статусот.

На пример, твит:

Ми се допаѓа концептов #selfpartnered.

Поедноставно е и поудобно да бидеш сама и да си бркаш сама работа. Среќата е полесно дофатлива. Се се сведува на љубов кон себе и задоволство со самата себе, што е важно достигнување и ментално и емотивно гледано.

8 ноември 2019 - 13:14