Полин Боти:

Единствената жена меѓу основачите на британскиот поп арт

Во деценија означена со политички секс-скандали и културна револуција, уметноста на Полин Боти на светот му дава нов начин да ги погледне шеесеттите.

После аферата Профумо во 1963-та (кога висок политички функционер во конзервативна влада беше во врска со 19-годишна манекенка, хихи), Боти изработува уметничко дело - Скандал ’63, кое ја прикажува машката доминација во уметничкиот свет, политиката и пошироко (во случај да мислевте дека феминизмот почна во 2018-та). Последен пат е видено истата година кога е направено и кај него се гледа поп-арт стилот на Боти, кој таа го разработува како студентка во уметничко школо и понатаму на Кралскиот колеџ за уметности, каде што работи со други битни фигури во поп-арт движењето.

Летото 1963-та, Боти се мажи со книжевниот агент Клајв Гудвин, а го опишува како единствениот маж што ја ценел нејзината интелигенција и вештина, наместо само сексапилот.

Еве го Скандал '63

Била прекрасна, русокоса, со сини очи и ја викале „Бардо од Вимблдон. Нејзините дела, пред се инспирирани од феминизмот, никогаш не добиваат доволно внимание, и многу од нив се заборавени по нејзината смрт (умира на 28, од леукемија).

Болеста ја открива при проверка за бременост и докторите ѝ нудат да абортира за да прими хемотерапија. Решена да го задржи бебето, Боти одбива лечење и ракот ја убива и нејзе, а и нејзиното наследство во наредните три децении.

Во 1990-ти, Дејвид Алан Мелор еден куратор професор на Универзитетот Сасекс, и историчарка на уметност - Су Тејт, ги откриваат нејзините слики во штала кај брат ѝ.

Кратко по реставрацијата, Мелор го изложува тоа што го нашол, како дел од славење на Веселите шеесетти; и како што кажува Тејт, во тој момент Боти „конечно се впишува во историјата на уметноста.”

„Умрела млада пред да создаде репутација, и без сомнеж има влијаено и тој сеприсутен сексизам.”

Многу британски уметнички се сè уште непознати или се прикажани пред светот исто како и Полин - долго откако веќе не работат.

Минатиот ноември се продаде и последното нејзино поп-арт дело, а и повеќето нејзини, полни приказни за либерални вредности сега се во приватни раце, без разлика што заслужиле да ги види повеќе свет. Ако ништо друго, изгледа конечно го добиваат признанието за кое требаше да поминат неколку децении.

5 ноември 2018 - 17:44