Џереми Скот протестира против фејк њуз

По стотти пат - доказ дека модата е многу политичка, и Џереми Скот за претседател.

Нели ќе беше многу појако да може да се гласа за вака општествено одговорни и освестени луѓе наместо за… таму нешто друго?

Џереми Скот ја базира својата најнова, монохроматска колекција на „опсесијата со наслови, со сочни трачеви,” како што ќе каже пред почетокот на ревијата. „Нови лажни сценарија, кликбејт. Брзање со погрешни заклучоци. Зошто правиме така?”

Е, зошто де.

Јавноста ужива во чудовишта, без разлика дали се реални, а Скот бира да го изрази ова како што само тој умее - преку една остра колекција каква што не направил со години, а сепак успева да ја задржи таа забавна нота што никако не го напушта. „Креирав многу карнери,” вели тој за неговите модели од шифон, во чест на силуетите од ’50-ти години. „Можеби затоа што темата е толку тешка, затоа сакав да направам нешто толку убаво. Со машни и на овој начин.” Средината меѓу тешките вести и меките форми беше успешна плус - осиромашена од силните бои што обично ги употребува, што придонесува за визија појасна од кога и да е.

Она што исто така се истакнува сезонава е кежуал делот - принтани сакоа и мантили, плус бајкерски јакни. Најшик момент му беше на крајот на шоуто - проѕирен материјал, како печатен од весник, порабен со пердуви, па мини фустани (еден од нив со „СКАНДАЛ” преку него).

„Пораките се измешани, искасапени и убиени, а се верува во што се стигне. Тоа ми е тажно и понекогаш треба да се обратиме баш до луѓето,” вели Скот.

Тажното е што таа група на луѓе што се закачува на фејк њуз тешко дека ќе ја анализира пораката преку еден фустан на Џереми Скот. Тоа не го спречува да си испише уште една страница во сопствената, а воедно и модната историја, секако.

11 февруари 2019 - 02:37