Диетата на Бијонсе е опасна

Начинот на исхрана што го промовира Бијонсе „може да е опасен”, според Британската асоцијација за исхрана и стил на живот и нивната изјава за Бибиси.

Се плаќа 14 долари за да влезеш во програмата и кај рецептите кои се базираат на растенија, а режимот трае 22 дена.

Неухранетоста се добива како бонус.

Оригиналната диета е смислена во 2013-та, но Бијонсе сега ја промовира „Кујната на Бијонсе” - режимот што го следеше кога се спремаше за камбекот во 2018-та на Коучела, откако ги роди близнаците. Промотивното видео на Јутјуб почнува со клип од нејзиниот филм Homecoming, каде што се качува на вага и кажува како „тежината е најлошиот кошмар на секоја жена”.

Значи Бијонсе смее да кажува деликатни изјави за тежина, другите не смеат.

Добро, фино е да се знае.

Видеото е прегледано скоро 2 милиони пати.

Бијонсе објаснува и дека за да ги постигне целите се ограничува на исхрана „без леб, без јагленхидрати, без шеќер, без млечни производи, без месо, без риба, без алкохол… И гладна сум.”

Ма немој.

Ова го правела 44 дена.

Проблемот е што, еве ако земеме пример, еден од рецептите „сендвич со зеленчук” пишува дека има 36 грама протеин, а всушност има 24 грама.

Друг, едно зелено смути има осум кафени лажички шеќер.

Понатаму, диетата предлага мажите да конзумираат 2500 калории дневно, а жените 2000 - иако намирниците што се предложени содржат само 1400.

„Ова е многу ниско за било кого. Тие што ја следат ќе се чувствуваат уморно и истоштено, особено кога на сето ова ќе додадеш и вежбање,” вели еден нутриционист, Мајкл О’Шонеси. „Може да биде опасно за обичен човек што ќе ја следи диетата, без покрај себе да има тим од нутриционисти и тренери како Бијонсе што има.”

Ако сме реални, да беше некоја наша на сликиве, така ужасно ќе и се испентаревме на глава колку е сељанка и кај со тој памет, ама Бијонсе е, па ќе си ќутиш. Иначе има да те најдат и душата да ти ја извадат дека си љубоморен. На велот од женски пазар, на пример.

Исклучување на секакви животински производи без да има информација какви нутриционистички проблеми можат да настанат и да се земат предвид, како замена за витамин Б12, железо или протеин е исто така голем проблем.

Плус, славните личности треба да ги охрабруваат жените да се чувствуваат удобно во своите тела. Како што Бијонсе наводно прави мафтајќи со бутови, а паралелно се фаќа за ваква диета и плус, повторно, смее да каже дека „тежината е кошмар”. „Бијонсе продава сон,” вели О’Шонеси. „Загрижувачки е што многу тинејџери ја следат, а на нив лесно се влијае. Таа е порта за милиони луѓе.”

Бијонсе се разбира, не одговара на прашања на темава.

И не само што не ја направија лом, како што систематски уништија еден куп луѓе што треснаа глупост, туку и јавното мислење е како сме, или треба да бидеме воодушевени од нејзината храброст да го сподели своето патување со светот.

Среќа па нè има и такви што не сме баш воодушевени од Бијонсе.

8 август 2019 - 15:22