Да не ги мислите Американците, си најдоа нова култура за бранење

Има места каде што треба мрчење – на пример зошто Скарлет Јохансон глуми лик што треба да го глуми Азијка во Ghost in the Shell. А има и пуштање трејлер за новиот, сè уште неизлезен филм каде што Бри Ларсон глуми научник што оди во Индија, и влечење на истата Бри Ларсон по патос затоа што – не ја почитувала индиската култура.

Кратко откако се случи една од најјаките реплики во историјата на борците за социјална правда, се појавува новиот трејлер за „Басмати Блуз”. Приказната е за една девојка, која работи како научник во компанија што произведува генетски модифициран ориз, што ја праќаат во Индија, као да ги обработи локалците и да го протне производот. Она сфаќа дека не е фер работава, ја запознава културата, ги запознава луѓето, сфаќа дека се супер луѓе и почнува да се бори против страшниот сопственик на фирмата (каде што е дежурен Доналд Сатерленд) и за правда. Има сцени со лута индиска храна, сцени со танцување, романтични сцени, сцени со тупа Американка што е како од Марс падната во врска со тамошните традиции и обичаи, и очигледно е замислено да биде симпатично.

А на луѓето не им е.

Општиот бес е насочен кон мотивот „бела спасителка им помага на беспомошните селани”, ама па, што да кажеме сите ние останатите во светот што 30 години од апокалипси нè спасува американската влада, американскиот претседател и Американецот Брус Вилис?

На страна тоа, ако гледаме на трејлерот, да, точно е дека има некои излитени финти поради кои луѓето се прашуваат „да не сме пак ’90-ти?”, ама тоа што разулавената руља упорно го промашува е дека Индијците, дури и само на трејлерот се прикажани како искрени, пристојни и ведри луѓе, главниот машки лик е Индиец, а не уште еден белец по кој што со задоволство би плукале, а негативците се баш нивните. Не, они би да го одбранат светот од самите себе во уште еден, ужасно распространет и несвесен расистички потег на – белци што сакаат да им помогнат на беспомошните селани.

А дали е добар филмот – којзнае.

Еве трејлер.

9 ноември 2017 - 22:19