Да, Мажите ИМААТ проблеми и затоа е Питерсон популарен

Кај е Питерсон - таму се и погрешните интерпретации на неговите публикации. Последна што понуди памет на темата (и потфрли најтрапаво) е Хелен Луис за Њу Стејтсмен, која, во (којзнае кој по ред) обид да го разобличи, ги искористи безбедните зборови „млади бели мажи” и со тоа ги омаловажи неговите следачи.

Кај лежи најголемиот проблем во нејзиното излагање?

Во еден момент, полна сарказам, вели вака:

„Но, бидејќи тој пишува за јадни, млади белци - а нивните проблеми се нели, вистински проблеми, не дека се анорексија, или силување или сексуално малтретирање - тоа го прави интелектуалец.”

А тука всушност лежи причината за популарноста на Џордан Питерсон. Ги препознава и ги потврдува проблемите со кои се соочуваат многу млади мажи во западниот свет, додека остатокот од (квази)интелектуалата им кажува дека проблемите не им постојат затоа што нивната волшебна машка привилегија секако ќе им обезбеди добро работно место.

Тоа што мажите во модерниот свет имаат проблеми, не значи дека жените немаат и обратно. И зошто да се интересираме и да се такмичиме на кој му е полошо? Секој жив човек на планетата страда на некој начин, и не треба да се занемарува фактот дека ДА, И МАЖИТЕ СТРАДААТ.

На пример, во Велика Британија, мажите на возраст од 20 до 49 години имаат поголеми шанси да посегнат кон самоубиство отколку да умрат од било која друга причина, а бројот на жени кои одат на факултет е за 30.000 поголем од на мажите. Во Америка, 93% од смртните се случаи на работно место се кај мажи, а 71% од бездомниците се исто така мажи.

Питерсон го нејќат затоа што во свет каде што свеста „на мажите им е добро, а на жените им е лошо”, тој доаѓа и вели „сите се бориме на некој начин”, и ова некако не му даваат да му помине.

6 јуни 2018 - 18:25