Автентично Старбакс искуство во вашиот дом

Ако само Старбакс ви е погодено кафе и уживате во комуникацијата со вработените таму, довикувањето за тоа како ви е името, недоразбирањата околу нарачката, и целата таа Старбакс магија, СНЛ има совршен производ за вас. Сега можете сè тоа - дома.

Старбакс е толку инстаграмливо кафе, што просто, на човек му е криво што нема и кај нас, за да можеме, за најмалку 5 евра дневно да билдаме лајкови со филтри и слаткасти пораки под слика од него. Нè има и такви што уживаме во вкусот и признаваме дека пластичната чаша со капак многу добро бе изгледа како централен објект наспроти архитектура неоштетена од земјотрес (читај: европска метропола), ама овде, во скечов на СНЛ, кафето е за по дома. Со целото автентично Старбакс искуство.

29 ноември 2017 - 11:57