Ана Винтур по Париската модна недела

Сè може да биде за секого.

„Имаше многу, многу работи за дискутирање и за размислување оваа сезона,” почнува Ана Винтур на видеото, со тоа што акцент ќе ставиме на размислување. Немаме секоја сезона провокативна мода, и тоа не провокативна во евтината смисла на зборот, туку баш онаква што ти ги размрдува вијугите. И таква е Пролет 2019, што во Париз претстави скроз нови идеи. На пример, Мезон Марџела на Џон Галијано: „Зборувавме со продавници неделава и бевме одлучни околу идејата дека машката и женската гардероба веќе не мораат да бидат одвоени - она што го гледаме на писта треба да се рефлектира и во излозите. Сè е за секого и треба да ги прифатиме не само сите култури и сите раси, туку и сите сексуални идентитети.”

Винтур зборува и за различниот пристап на дизајнерите на големите брендови и ги дестилира сите главни точки за помалку од пет минути:

8 октомври 2018 - 13:16