Ако Вес Андерсон беше на Airbnb

Еден Airbnb домаќин од Канада кој „отсекогаш сакал да биде Тененбаум”, го посветил неговиот простор за издавање на филмовите на Вес Андерсон, и тоа многу верно.

Се наоѓа во Принц Едвард, Онтарио и за 225 канадски долари (околу 145 евра) дневно, ќе уживате во простор кој внимава да ги исполни сите параметри што му се важни на Андерсон - од кинематографска симетрија, до ретро бои и декор кој дише со избледена величина.

Од прво влегување се забележува дека секој детал во домот е внимателно избран или изработен да го пренесе станарот во некој важен филмски момент. Дневна од Steve Zissou’s Life Aquatic, кујна во чест на Darjeeling Limited, тоалет од Fantastic Mr. Fox и еден куп детали по ѕидови што фан на Вес Андерсон би уживал да ги истражува.

Што е најинтересно, домот постојано еволуира како што сопственикот и понатаму ги истражува делата на еден од најчудните режисери што сме ги начекале во наше време.

За искуството со Airbnb, зошто е паметно и како тоа функционира, овде.

7 февруари 2018 - 12:41