Ај предложете подобар крај?

Ама најозбилно. Што воопшто можеше да биде боље? Значи, не правиме муабет за подобра 8-ма сезона. Има и студенти по сценарио што можеа да напишат подобра 8-ма сезона. Него, крајот. Како би го решиле поинаку?

„Игра на тронови” заврши, ова се пишува после последната епизода. Што значи, ако дури сега сте потклекнале на притисок да почнете со ГоТ, или уште не сте ја гледале 6-та епизода, мрш.

Come back later.

Штитиме од спојлери.

Насловот на овој текст не е напишан од победничка гледна точка, и не сака да каже „вие поарни да не сте”, туку најискрено е - прашање. Затоа што - како се решава приказна за која има милион теории разработени до степен на докторат? Како се завршува, без притоа да биде „се земаа на крај”, кога тоа апсолутно на никој освен на луѓето што не го сфатиле концептот, нема да му се свиѓа; без да биде „тоа што го чекавме осум сезони!!” (ако мислите дека во ГоТ некој на вас ви го прави ќеифот, сте се заебале), или без драматично разочарување?

Со тоа што, ако отвориш интернет, драматичното разочарување си постои.

Не е дека е без причина.

Има една нишка на Твитер што се вика What was the fucking point?!, и типот лепи гифови од различни сцени што ни ги прикажаа како богзнае колку важни, за на крај да ги баталат како дете што пишува fan fiction и му се здосадува.

Зошто сто пати се спомна плодноста на Денерис?

Зошто Серси е трудна?

Зошто Арја се качи на коњ?

Зошто нè мачеа сто години со досадната обука на Арја, за после да ја искористи финтата само еднаш, со Волдер Фреј?

Зошто Тирион така значајно гледаше во врата кога Денерис и Џон имаа секс?

Зошто Варис пишуваше писма и кај стигнаа тие писма?

Зошто го вратија Џон од мртвите?

Зошто Еурон Грејџој?

Зошто постои Ноќна стража?

Зошто *клик овде*

Зошто *додај милион глупи проблеми*?

What was the fucking point?

Одговорите на некои од овие прашања лесно ќе ги најдете по форуми и групи, ама некои едноставно немаат. Немаме бе, одговор за некои божем, значајни реплики, што после паѓаат во вода. Едно е ти да трескаш пригодни работи во реален живот, колку да се најдеш во муабет. Во измислена приказна мора да има причина што Џора му го дава мечот на Џон и му вика „нека те служи и нека ги служи и твоите деца по тебе.”

Поразително е што човек мора да се качи на тој преполн воз од каде што урлаат безброј фанови дека и талентиран шестоодделенец подобро би се снашол со пишување, особено на 7-ма и 8-ма сезона. Ама, постои нешто што се вика „Пиштолот на Чехов”.

„Пиштолот на Чехов” е концепт според кој било кој елемент во приказната мора да придонесува кон целината. Во превод, ако во првата глава оставиш пиштол на маса, тој пиштол МОРА да пукне до крај, или ич не го ставај.

Да броиме колку артилерија остана неиспукана во ГоТ?

А сепак, официјален став на Off Cafe е - крајот е добар.

Извинете.

Ќе се објасниме.

Инаку, напорни стануваат веќе тие дискусии дека „нема веќе книги, па не знаат како да го срочат”. Не може гикови зад монитор да се грижат повеќе за приказната, заплетот и дупките во него од луѓе што се платени за тоа. Но, има еден професор по филозофија, Дејвид Силверминт, кој привлече внимание по интернет заради неговото стручно објаснување во однос на тоа зошто 8-ма сезона (па и 7-ма) ни предизвикува поинакво чувство од претходните.

Според начинот на кој ја креираат приказната, писателите се делат на pantser и plotter. Пантсер е писател што работи во од - креира лик, го пушта на слобода и заедно со него дознава како ќе се развива приказната. Не го знае заплетот однапред. На ваквите писатели им е проблем да се фокусираат на заплетот, па имаат тенденција да создадат еден куп помали заплети и нишки во приказната, од кои после им е тешко да излезат. Џорџ Р.Р. Мартин е пантсер. Затоа и не о-те-ко-а со Денерис во Мирин, не можел да ја извади од таму никако.

Плотер е писател што пред себе го има целиот концепт за делото, почеток, средина и крај, само треба да седне и да го раскаже тоа. Фокусиран е на комплетирање на приказната и на силните сцени, па често се случува ликовите да му се празни или здрвени. Вакви се сценаристите на серијата.

Нема правилен и неправилен начин на пишување. Едноставно, различен плочкар ти го довршува купатилото, и тоа е.

Но, да се вратиме на насловот.

Ај предложете подобар крај?

Во овој (најавен пред сто години како bittersweet) крај, Џон ја убива Денерис (затоа што некако многу амерички ослободува свет), Бран станува крал на шесте кралства (затоа што Санса вика „Северот не го даваме”), Арја оди да го открива светот, а Џон оди назад преку ѕидот со народот што некако му стана најблизок во текот на серијата. Со Ghost-че, без увце.

Толку ли е тоа проблем? Добивме крај, различен од крајот на „Господар на прстените” по тоа што не заврши толку дизниевски, а сличен по тоа што остава чувство дека следи еден пријатен свет, каде што луѓето имаат проблеми од типот „дали да направиме бордели или не”.

Фино нè извадија од памет дека ќе воведуваат демократија, за да му се изнасмеат на Сем, и решија дека после толку кварни дечишта, крал нема да наследува кралство, туку крал ќе се бира по заслуги.

Бран ја содржи целата историја на светот во него, не е баш човек и не го интересираат човечки ниски страсти. Најавено ни е дека најверојатно ќе успее и змејот да го контролира. Ако ви се тазе гледани прва и втора сезона, ќе ви текне - на Санса сто пати ѝ рекоа „ќе бидеш кралица”, „кога ќе бидеш кралица” и „затоа што ќе бидеш кралица”. И стана кралица, заслужено, како еден од најтемелно развиените ликови во серијата и лик чиј развој не го упропастија, без разлика што има луѓе што се лутат дека „сведена е на љубомора на новата девојка на брат ѝ”.

Во мирен свет, Арја не е лик што ќе се омажи и ќе се прибере. Трениран убиец што не ужива во убивање мора да бара адреналин на друго место.

И стварно, супер е Џон, ама дали ќе бевме воодушевени од најочекуваниот крај, каде што наследникот си го остварува своето право? Во серијата што го обезглави омилениот лик на гледачите во првата од осум сезони?

Не е проблем што Бран е крал, проблем е што не беа малку повнимателни со репликата „Што мислите, зошто дојдов јас до овде?” Не е Бран курветина што си отседе до титулата, напротив - едноставно е Three-Eyed Raven. Да се потсетиме дека Џон го погледна пред да им каже кој е на Санса и на Арја и Бран му рече „како сакаш.” После Ходор, од прилика е јасно дека библиското „слободна волја” и главното во Back to the Future - „не се мешај”, се многу битни елементи во постоењето на таков лик.

Поентата на целата приказна беше да се победи исконското зло. 

Го победија.

Патем, приказната не престанува да биде епска фантастика. Каде во реалноста има свет каде што е толку мирно, што еден од ретките проблеми на дневен ред ти е дали е паметно да направиш бордели или не?

Иритантното во целиов феномен е што серија, што треба да те забавува, а ти само да јадеш пуканки и да си вадиш очи на интернет после тоа, те вади од филм на фантазирање, и те тера да влезеш во реалноста каде што сите знаеме дека тоа го напишал рандом човек и да рационализираш „зошто е тоа така”.

Ама крајот - добар.

Јана, Off Café

П.С. Нема смисла да го промашиме вистинскиот важен крај:

Милото кутре дочека газдата да се врати од работа, беше погалено и ќе оди да трчка во двор.

21 мај 2019 - 10:44