А како е кај Марие Кондо дома?

Спојлер: нема да видиме. Второ: МариЕ било, не Мари.

Едно време, светот, западот особено, се опседна со Марие Кондо и нејзиниот метод за прочистување на просторот базиран на проста и практична финта - фрлаш сè што „не те радува”. 

Сега, на светот ко што го дал господ, малку му помина опсесијата, што не значи дека Кондо е заборавена - мука нема, има милионски бизнис и обучува евангелисти за нејзиниот метод што после шетаат и го шиткаат како Орифлејм.

Иако е забавно да се помисли дека на сите им средува, ама дома ѝ е хаос, да бидеме реални и да си признаеме дека - тешко дека е тоа така. Поблиску е Марие до ова, отколку до нешто што нас ни доаѓа поприродно.

Може некогаш ќе имаме прилика да видиме. Во меѓувреме, некој земал и се потрудил да ни направи слика за домот на Марие Кондо, извлекувајќи цитати од интервјуа, за да можеме барем да замислиме како изгледа. Така што, можеби ова не е визуелна инспирација и #НеделнаДозаЕнтериер,  ама па, инспирација е секако. За намалување на гужва по дома, за внесување цвеќиња, необесување за „работна соба” и - бивање благодарен.

А да, и да не сте некои пијачи на чај, ќе ви се припие после ова.

Уште еден спојлер: Кога ќе се прибере дома, „благодарно ги брише ѓоновите на чевлите”.

И вие ли така?

7 ноември 2019 - 00:00