7 работи што не треба да ги правиш кога ќе станеш

За што е можно пофин живот, една од главните мудрости да ти била - да имаш утро по твоја мерка. Под твои услови, да речеме. Како се прави тоа?

Лесно. Се откажуваш од сè што најверојатно правиш во моментов.

Снуз. Не.

Откако ќе го испостискаме снуз-от? Лежејќи отвараме социјални мрежи, мејлови и се расонуваме така.

Не. Тешки ризици постојат да се испичкараш со некого посабајле затоа што не си расонет, да се изнервираш од рандом мејл, па денот да ти почне наопаку и други слични непријатности.

Не кафе. Вода со лимон. Ова не е така тешко за следење, кога ќе размисли човек.

Интересен совет, што може не сте го нашле во други вакви списоци е: не ги чувај работите во глава. Без разлика дали ќе биде запишување на чудниот сон, или идејата со која сте се разбудиле, или некое случајно размислување, паметно звучи.

Човек што се разбира:

Истиот човек се разбира и во: „Како секогаш да изгледаш средено”, што одлично ќе одговара со новото „ти”, што прави паметни работи кога ќе стане од кревет (реалните совети почнуваат од 3:15, ама и воведот не е страшен). 

13 јуни 2018 - 11:51