1000-тиот број на Вог Париз

Една манекенка, четири градови. Звучи како сетинг за книга со некаква фешн авантура, ама всушност се работи за јубилеен број на Вог Париз и нивниот начин на прославување.

Списанието ќе ги претстави стиловите и енергиите што ги дефинираат Париз, Лондон, Милано и Њујорк, со ексклузивни насловни на кои ќе биде Риан Ван Ромпеј во секоја од модните метрополи.

„Следната година, Вог Париз ќе го слави стотиот роденден, а месецов го означува 1000-тиот број. Ова е милениумот на блескавиот печатен магазин, што служеше како симбол во модната историја, од неговите револуции, до магичните настани. Благодарение на најпознатите дизајнери, фотографи, уметници и писатели кои биле дел од ова патување, Вог Париз не познава граници. Имагинацијата и креативноста секогаш си наоѓале место во овие страници,” коментира Емануел Алт, главна уредничка на Вог Париз во едиторијалот за јубилејниот број.

Насловните страници ја имаат ван Ромпеј во Париз, Лондон, Милано и Њујорк, фотографиите се на Јурген Телер, Инез и Винод, Микаел Јансон и Аласдер Меклелан. Се рефлектира разноликиот дух на Вог Париз, ексклузивното издание, а излезе на 28-ми август.

Фин колекционерски предмет е, и особено фина декорација за во дневна, откако ќе се прелиста ако го начекате некаде, а може да се купи и тука, дигитално или хард-копи.

10 септември 2019 - 00:00