Промоција на графичката новела „Црната аурора“

На 18 јануари (петок) во 20 часот во Цреша Бар ќе се одржи промоција на графичката новела „ЦРНАТА АУРОРА“ од Ивица Дукоски (сценарио) и Владимир Благојевиќ – Владодлак (цртеж), во издание на Стрип Квадрат.

„ЦРНАТА АУРОРА“ ја содржи целосната хорор епопеја за темниот облак од ѕвездена прашина што мистериозно се појавува над Скопје. Никој нема објаснение за овој феномен („НЛО? Порта кон пеколот? Многу чуден кумулонимбус?“), освен Ален Корбин кој стравува дека Црната аурора е директно поврзана со неговите кошмари.

„ЦРНАТА АУРОРА“ е прва графичка новела на тандемот Дукоски – Благојевиќ, а воедно и прва нивна соработка со Стрип Квадрат. Авторите зад себе го имаат и СФ стрип серијалот „Неонски ноќи“. За Стрип Квадрат ова издание е 21-во по ред.

За време на промоцијата, делото ќе биде достапно по промотивна цена од 300 денари. а после неа новелата ќе ја има во стрип книжарницата Бункер и други книжарници низ Скопје.

17 јануари 2019 - 15:36