МАН 3-ти на 23-ти

Школка, Парк, Музика и Награди

23 мај е ДЕНОТ Д. По трет пат заедно ќе ја славиме македонската музика и култура, награди за најзаслужните чинители на македонската култура и уметност проследени со настапи од многу македонски бендови и артисти: Јаков Дренковски и Бендот, ПМГ Колектив, СМАТ, Проџект Орфеус, Д Блек енд Вајз Сошл Клаб, Подземан Ефект, Кртот, Видо, Сиги, Алфа, Стил Темпл, како и видео-диџеј дуелот помеѓу диџеј Гоце САФ и диџеј Славе .

Наскоро пуштаме и гласање на www.blabla.mk кое заедно со гласот на жири комисијата ќе ги одлучат добитниците награди за : ПЕСНА, СПОТ, АЛБУМ, КОНЦЕРТ, МК ПРЕЗЕНТЕР НАДВОР, ЗАПАМТИ ГО ОВА ИМЕ (МЛАД АРТИСТ), ЛЕЈБЛ, гласањето ќе трае до 23, а добитниците е се дознаат на самиот настан.

Секако и оваа година ќе ја доделимеглавната награда за особен придонес и развој на македонската музика и сцена, каде меѓу наградените се : Влатко Стефановски, Гарабет Тавитијан, Група Зеро, Мирко Попов, Бошко – дом на млади Штип, Крос Роуд Блуз Бенд, Петар Георгиевски Камиказа, Евгение Каревски ГЕНИ, Уличен Ритам, како и посхумно за двајца великани на сцената :  Љупчо Хаџистефанов- Џез ФМ и Зоран Маџиров.

Досега на МАН истоимената награда за особен придонес и развој на македонската музика и сцена ја добија повеќе од 60 бендови , луѓе, уметници, медиуми и институции.

Ве очекуваме во голем број за заедно да ја прославуваме македонската музика, култура и уметност на едно место и со една мисла МАКЕДОНСКАТА СЦЕНА да ја издигнеме на повисоко ниво, така како што заслужува.

Ова трето издание на првата и единствена наградна цермонија на македонската алтернативна сцена – МАН (МАКЕДОНСКИ АЛТЕРНАТИВНИ НАГРАДИ), всушност е почеток на стварање на традиција и само останува да ги зголемуваме бројките на изданијата во годините што следат.

17 мај 2017 - 11:56