Дали и како да се гласа на референдумот

Само еден хајлајц. Оној десно (маскиран во универзитетски професор), на 18:19 ќе каже:

„За првпат после 100 години, конечно Македонија во исто време има заеднички интереси со целиот современ западен свет“.

Така е! Пошто тој станал професор во време кога очигледно сме имале спротивни интереси со цивилизацијата.

Добро бре, кај им прават ваква лоботомија?

Туку, изгледајте го вие тоа цело дебатно парче кое слободно може да го насловите „Самоил против слепците“. Негде при крај, кога водителот (кој поимот легитимитет не го сретнал ни во крстозбор) ќе почне ментално да се распаѓа со тезата дека на договорот ништо нема да му фали ни ако референдумот не успее (што па толку онда запнување да успее?), истиот тој десно, ќе шепне: „Дајте реклами“! И ќе дадат реклами :))))

Смејурија се, смејурија.

22 септември 2018 - 17:27