Во слава на Сокол, турнирот продолжува

Од: Здружението на граѓани за подготовка и организирање на меморијален турнир во мал фудбал Оливер Соколов - Сокол

Предмет: Информирање за Меморијален Турнир во мал фудбал “Оливер Соколов –Сокол”

Почитувани,

Ја информираме јавноста, а посебно љубителите на малиот фудбал дека оваа 2019 година во  име на прерано починатиот Оливер Соколов - Сокол нашето здружение заедно со жителите на Карпош 1 повторно се заложи да го обнови и продолжи турнир во сеќавање на Сокол кој традиционално 16 години успешно се одржуваше во негово име под покровителство на жителите на Карпош 1 и Општина Карпош на игралиштето “Сокол” кое е во склоп на ОУ Христијан Тодоровски Карпош – Карпош 1.

Оливер Соколов - Сокол е еден од основачите и водачи на навивачката група Комити. Човек кој на 18.08.1994 година во сообраќајна несреќа трагично го загуби својот живот токму поради залагањата на Комити во рамките на фк Вардар.

 Овој турнир стана синоним за сите турнири во нашата држава и од година во година беше, е и ќе остане најдобаро организиран и најпосетуван турнир во мал фудбал со амбиција конечно да прерасне во меѓународен турнир. Оваа година е 17-от по ред и веруваме дека ќе биде запаметен по неговата посетеност и професионалност.

Со почит,
Претседател
Никола Ѓеоргиев

8 јуни 2019 - 12:25