Три хороскопски знаци што може да останат бремени оваа година

Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Репортер.

Поради влијанието на Меркур, астролозите велат дека можност да забременат имаат жените родени во знакот на рак, овен и девица.

Рак

Иако за овој хороскопски знак годината не започна како што тие си замислувале, сепак напорно ќе работат на својата врска и на зајакнување на љубовта. Наесен ги очекува многу поповолна животна ситуација. А декември ќе им биде полн со страст, па оттаму и шансите за забременување се повеќе од добри.

Овен

За овој хороскопски знак доаѓањето на летото значи дека животот ќе им тргне во многу подобра насока, и тоа благодарение на Венера. Нивната љубов сѐ повеќе ќе се зајакнува, па голема и веројатноста дека во јули или август ќе забременат.

Девица

Благодарение на годината што е во знакот на Меркур, девицата ќе му ја исполни желбата за деца на својот партнер. Девиците ги очекува романтично лето и многу големи шанси за забременување.

30 мај 2019 - 11:40