По Сефер Цаноски, ќе се жени и Роналдо, најдобриот фудбалер на светот

Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Галама.

Како што објавивме вчера, сопственикот на ФОН универзитетот Сефер Цаноски објави дека ја крунисал врската со својата нова љубов со брак и притоа објави фотографии од венчавката на социјалните мрежи.

Во текот на викендов, на социјалните мрежи исто така простриу вест за венчавка и на најдобриот светски фудбалер, Кристијано Роналдо. Тој ја запросил својата девојка Георгина Родригез, а таа на социјалните мрежи се пофали со свршеничкиот прстен кој чини неверојатни 700 илјади евра. Португалските медиуми открија дека е од „Картие“.

Свадбата на Роналдо и Георгина се очекуваше, откако лани таа ја донесе на свет ќерката Алана Мартина. Роналдо има уште три деца, сите од сурогат мајка, најстариот Кристијано јуниор, како и близнаците Матеа и Ева, кои ги доби шест месеци пред неговата свршеничка да се породи.

Ќе се запрашате каква е поврзаноста на Сефер и Кристијано, што ги ставаме во ист контекст, па баш и немаат заеднички точки, освен што во нашата јавност и двајцата предизвикуваат љубопитство, што заради своето богатство, но и поради приватниот живот и присутноста во медиумите.

8 мај 2018 - 09:16