Нострадамус: Територијата на Македонија ќе има клучна улога во новата војна!

Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Exclusive.

Според Нострадамус, територијата на Македонија ќе има клучна улога во новата последна „трета светска војна”, која нема да се случи доколку надвладее разумот,затоа што “судбината на човекот не е во природата, туку во неговите раце” и дека единствено тој, “човекот”, може да ја спречи големата катаклизма и своето самоуништување.

-Запалена светилка ќе биде видена, во ноќно време, близу до Рона. Глад и војни ќе дојдат и помошта ќе биде предоцна, кога Персија ќе се мобилизира, да ја заземе Македонија. Пророштвата на најголемиот визионер во историјата на човековата цивилизација, Мишел Нострадамус, со векови го возбудуваат светот. Овој доктор по медицински науки живеел во време кога науката била на најниско ниво. Со својата визионерска моќ, навлегувајќи длабоко во времето и во просторот, претскажал многу настани кои го потресувале и во иднина ќе го потресуваат светот!

Во своите пророштва Нострадамус често ја спомнува Македонија, што значи дека тој мошне добро ја познавал нејзината географско-стратешка местоположба. Според тоа, кога говориме за воено-политичките стратегии и за улогата на Македонија во нив, гледано од аспект на последните воени конфликти на Балканот, за кои во никој случај не можеме да кажеме дека конечно и дефинитивно се решени, бидејќи тие и натаму претставуваат потенцијални жаришта за нови војни, прогнозите на Нострадамус се сосема остварливи.

Нострадамус со својата силно развиена имагинарна моќ, како на дланка, ги видел сите успеси, падови, страдања и несреќи на човекот, кои се плод на природниот фактор, но и на човековото неодговорно однесување и негрижа кон природата. Патувајќи со својата свест длабоко и далеку во времето и во просторот, ги видел и ги претскажал сите човекови пронајдоци: возот, авионот, радиото, теле ви зијата, атомската (хидрогенската) бомба, во која влезе да го види внатрешниот “жив оган”, за потоа да ни каже како ќе дојде до физија на атомите при нејзина евентуална употреба, односно до разбивање на атомското јадро; ги видел сите помали и поголеми војни, дури и “третата светска војна”, чиј циклус од 27 години почнал (1999 година), за која вели дека ќе биде “последна апокалиптична војна за човекот”, истовремено пре дупредувајќи дека “човекот е тој кој, ако мудро постапува, може да ја избегне”, поточно “ако власта не падне во рацете на умно болни луѓе”, како што тоа беше случај со Втората светска војна, со Заливската војна и со Косовскиот конфликт. Ако се навлезе подлабоко во суштината на неговите пророштва, може да се забележи дека феноменот Нострадамус со голема доза на сигурност денес го уверува човештвото дека во блиска иднина, а тоа значи во првите децении од новиов милениум, човекот со својот генијален ум ќе ги совлада сите болести кои го мачат современиот свет: канцерот (леуке мијата), сидата, сушењето на мозокот во главата, на ‘рбетниот мозок, дијабетот познат како шеќерна болест, но дека ќе се појават нови, многу поопасни заболувања и со уште поголеми последици од првите. Сведоци сме на новата болест – птичји грип, кој веќе претставува сериозна опасност по човекот, по птиците, но и по другите животни.

Во штотуку откриениот “Таен дневник”, познат под името “Клуч 15″, за кој се трагаше речиси четири века, пророкот претскажувал дека “полски лекар ќе открие лек против сите видови малигни тумори, кој само за неколку дена ќе може да ги даде првите позитивни резултати, без оглед на степенот на болеста”, а дека лекот против сидата ќе биде донесен од небото, односно од Вселената. Звучи неверојатно, но прели минарните експерименти направени во некои институти, во кои се користи озонска инфузија во крвниот систем, покажуваат дека во озонот постои потенцијал за уништување на вирусот, а дека изработката на овие вакцини ќе се врши на нулта гравитација, на 270 милји над нас, во лаборатории кои ќе орбитираат околу Земјата. Според тоа, ако му веруваме на Нострадамус, а треба да му веруваме, зашто сè што тој претскажал како пророштво, како визија, барем досега се остварило беспрекорно точно и во целост, што треба да значи дека несомнено и овие негови прогнози ќе се остварат порано или подоцна, без оглед на тоа што барем во овој момент ни изгледаат малку остварливи.

16 февруари 2017 - 13:09