Меркел ја фатија клетвите од Македонија- таа е тешко болна !

Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Магазин.

Вчера Германската канцеларка, Ангела Меркел, беше во центарот на вниманието, бидејќи додека го дочекуваше украинскиот претседател Владимир Зеленски, почна неконтролирано да се тресе, и не се чувствуваше баш најдобро.

екако медиумите веднаш почнаа да шпекулираат дека Меркел е тешко болна, иако таа изјави дека само била дехидрирана.

На Меркел и се слошило додека стоеше покрај украинскиот претседател Владимир Зеленски, во моментот кога воен бенд ги свиреше химните на Германија и Украина.

Според  “AP”, по завршувањето на химната, Германската канцеларка веќе била подобро благодарение на неколку чаши вода кои ги испила.

“Оттогаш испив барем три чаши вода, кои очигледно ми беа потребени и сега сум многу добро”, рекла Меркел.

Но сепак медиумите како да не веруваат во ваквата нејзина изјава, па денеска на големо во германските медиуми се шпекулира дека таа била дехидpиpaна, но сепак постојат и шпeкулации дека всушност Меркел е тешко болна. Според одредени медиуми, таа бoлeдyва од Пapкинсонова болecт а еден од првите симптоми кај лицата со оваа болест е токму неконтpoлираното тpeење на телото.

21 јуни 2019 - 12:13