Конечно сите сме среќни: Карлеуша ни откри колку навистина килограми има

Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Вечер прес.

Јелена Карлеуша е висока 180 центиметри и е со покрупна градба, но и самата признава дека има вишок килограми за својата висина.
Мала од скандала со години варира во килажата, малку ќе ослабне, па малку ќе се здебели и така сè во круг. Но нејзината среќа е што тие варијации не се толку драстични.
Иако на социјалните мрежи се огласуваше на тврдењата од страна на оние кои тврдат дека не изгледа онака како што се претставува на Инстаграм и дека нејзините фотографии се фотошопирани, Јелена конечно призна дека мака мачи со килограмите.
– За целата моја кариера најдебела сум сега, изјави пејачката.
– Имам 75 килограми, призна Јелена, а многумина со пофалба го дочекаа тоа што таа беше искрена.

31 декември 2019 - 10:10