Цел Инстаграм ѝ се смее на Бритни за фотографијата со прстите на нозете

Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Плус инфо.

Славната пејачка Бритни Спирс се присетила на неодамнешниот одмор на рајскиот остров Туркс, каде што „побегнала“ од своите проблеми, а секако фотографијата би била речиси идилична да не бил детаљот кој, како што велат корисниците на Инстаграм, расипал сè.

Бритни ја снимила добро познатата фотографија која веројатно секој од нас ја има на својот профил на социјалните мрежи – ги фотографирала своите стапала додека во позадина се гледа синото море и белиот песок. Но, на корисниците на Инстаграм им пречеле нејзините стапала и ножните прсти, и тоа до таа мерка што се повела цела дебата во коментарите.

„Жал ми е, но твоите стапала се застрашувачки“, „Ова е грозно“, „Ова се најбизарните стапала“, „Ова требаше да го наплаќаш“, „Гадни ми се нејзините нозе“…, се само некои од коментарите под фотографијата.

Сепак, изгледа дека немаат сите ист поглед на нештата, па славниот блогер Перез Хилтон порачал: „Сите фетишисти ќе ја обожаваат оваа фотографија.“

FOTO: Instagram/Printskrin

4 јули 2019 - 09:31