БОКИ ГЛАВЕН МАСОН ОД ФРАНЦУСКАТА ЛОЖА

Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Доказм.

Боки 13, манекен, чудак, масон, газда или сосема нешто трето?! Доказм истражува

Бојан Јовановски порано познат како Боки 13 е несекојдневен лик во македонското милје, од организатор на забави до шоу бизнисмен со настапи кои во она време се граничеа со скандал, а денес директор на меѓународна невладина од областа на социјалната заштита, сопственик на 1 тв телевизија каде работат малтене најдобрите новинарски пера и според наше инфо одлично се платени до градител на европски пензионерски домови. Пријател и познаник на многу јавни фаци од политичкиот и шоу бизнис.

Интересен лик и основното прашање на секој просечен Македонец за него е А ОД КАЈ МУ ТОЛКУ ПАРИ НА ОВОЈ БОКИ?

Е баш тоа прашање и нас не поттикна малце да истражуваме се разбира имаме и кредибилен извор од негова близина чиј идентитет сега за сега нема да го откриеме дури не го завршиме серијалот, е тогаш ќе ви стане јасно дека не зборевме напразно.

Пред некој ден наводно Бојан замина во Париз на покана на ВАЛЕНТИНО модната линија и дизајн компанија да биде манекен на ревија и истата да ја следи, му беше обезбедено ВИП статус, тоа подразбира лимузина, смештај, поглед на ревија итн. Но, според нашиот извор Боки илимити на Бојан тоа се му било само маска, завеса, покритие неговото одење во Париз е да се сретне со своите пријатели од Француската масонска ложа и да присуствува на нивен состанок каде веќе неколку години е член и брзо напредува во нивното внатрешно устројство. Според нашиот извор да не ве чуди од каде толку пари извади Бојан за кратко време и дека тоа е многу лесно доколку се има така моќни пријатели, а ти имаш визија и план и лесно е тие да влетаат и да ти финансираат идеи. Инаку оваа масонска ложа е многу моќна и сериозна на европско тло, а Јовановски се наметнал со своето како што рековме неколкугодишно членување. Според достапните информации ложата во Европа има сериозно влијание посебно врз интелектуалниот и бизнис естаблишмент.

Фотографија на Boki Jovanovski.
Фотографија на Boki Jovanovski.

Фотки од наводниот настап на Валентино и неговиот статус за кој мислиме дека е покривање на вистината...

25 јуни 2018 - 11:36