Чајна торта

Колач со малини и чоколадо

Колач торта за со кафе.

Време на подготовка:
30 мин.

Време на готвење:
50 мин.

Вкупно време:
1ч 20 мин.

Порции

6 лица

Состојки

  • 150гр. омекнат путер
  • 150гр. шеќер во прав
  • 2 јајца
  • 1/2 лажичка екстракт од бадеми
  • 50мл. млеко
  • 150гр. брашно
  • 1/2 лажичка прашок за пециво
  • 150гр. мелени бадеми
  • 25гр. сецкани бадеми
  • 140гр. ситно сецкано чоколадо за готвење
  • 150гр. замрзнати малини
  • шеќер во прав за декорација
  • шлаг од хопла по желба

Подготовка

Загрејте ја рерната на 180 степени. Намачкајте со малку масло округло тавче (20см) и обложете го со хартија за печење.
Во еден сад измешајте го брашното со прашокот за пециво.
Изматете го со миксер путерот со шеќер во прав додека да добие многу светла боја. Додадете ги јајцата едно по едно и продолжете со матењето. Додадете го млекото и екстракт од бадеми. Потоа додадете го брашното и мелените бадеми. Добро измешајте ја смесата па додадете го сецканото чоколадо. На крај додадете ги и замрзнатите малини. Добро измешајте ја смесата за рамномерно да се распределат сите состојки.
Тестото истурете го во приготвеното тавче за печење. Најгоре додадете ги сецканите бадеми.
Печете го колачот 50 минути. По печењето оставете го 10 минути во тавчето пред да го извадите врз чиниија за сервирање.
Послужете го колачот целосно изладен и декориран со шеќер во прав и шлаг од хопла по желба.

11 ноември 2013 - 14:07