Револуционерна донација

Ќе ви ја раскажеме приказната ферски ама мислиме дека на крај сепак ќе испадне дека бараат пари за свадба.

Главни јунаци во оваа љубовна приказна се Петар (Македонија) и Иван (Србија). Тие бескрајно се сакаат. Од пред неколку години живеат кај нашиов, се вериле, размениле прстени и све тоа. Сега решиле да се оверат и пред законот. Не можат во своите држави заради законите ама затоа можат да го сторат тоа во Словенија.

А за тоа требаат пари, па, решиле да побараат донации во вид на пари.   

Во било кој друг случај, да побараш пари за свадба, би било тоа - барање пари за свадба.

Не и во нивниот случај. Тоа кај оваа вљубена двојка е финансирање проект, со што сте поканети да учествувате во правењето револуција. Каква револуција? Револуција во ЛГБТ правата.

Револуцијата ќе се случи ако соберат 3.000 евра да отидат во Словенија и таму да се венчаат.

"Парите ќе бидат потрошени за административни трошоци, авионски билети, венчални паушали и трошоци за сместување", појаснуваат верениците.

Бараат пари за свадба, нели?

27 мај 2014 - 11:32