Отиде орелот на тротинет

Ви текнува како Рамбо и Макавеев се заебаваа со српските три прста па им најдоа ново значење? На сличен начин, оној албански симбол со рацете во форма на орел (јаден Ахмети, мораа допрва да го учат како се прави) кој на овие простори главно се користи за национално курчење, американската поп култура несакајќи почнува да го ребрендира и да го врзува за баналниот и национално неосвестен поим - тротинет.

BIRD е компанијата која го стартуваше феноменот електрични скутери (нашки: тротинети). Подоцна во тој бизнис влегоа и некои други, од типот на LIME, LYFT, JUMP (UBER)... но BIRD се оние кои го осмислија новото превозно средство како возило за масовен сообраќај.

BIRD почнаа со обична канцеларија во Санта Моника за само една ипол година подоцна да станат сериозна корпорација и сервис распослан низ САД и уште пар земји од ЕУ. Како такви, стануваат дел од поп културата па дечки почнуваат песни и спотови да им посветуваат.

Пазете што прават со рацете:

Назад кон домашниот булшит.

Македонци за симбол знаат да ги користат оние други три прста (кои нам, кои често сме повеќе гурмани отколку Македонци, често нè асоцираат на Вегета).

Сега, ве молиме замислете како министер за култура од редовите на некое вмро, тморо или слична национална партија, во друштво со глумец кој е негов „специјален советник“, седат пред слика со кубурот на Ќосето и се курчат со тие три прста.

Не џанам? Не џанам. Пошто таква слика не можевме да најдеме, еве она што денес може да се најде.

Ко што пишал Мартин Толовски на ФБ:

„Јас светот го разбирам како културно набивање рогови. Заебете македонски национални романтики од 19 век, ова е реалноста“. 

*****

11 февруари 2019 - 10:26