Ина Многуфина и женските прашања во Македонија

Кога некои етнолози од иднината ќе пишуваат на темата „Жената и мајката во Македонија на почетокот на 21 век“, едно дебело поглавје ќе се темели на фактографијата собрана од Ина (а стварно, која е Ина?).

Ние документираме сиви зони на нашето живеење (македонштини, стигнавме на дното...), ама ова што таа го лови по социјалните мрежи е факинг анбиливбл. Марко Цепенков нема собрано ваков материјал.

Со оглед на тоа што овие жени и мајки ја одгледуваат иднината на Македонија, овде допрва чуда ќе гледаме. Читајте и без паника, полека пакујте тоа куферите.

За полесна навигација, го поделивме материјалот во две теми:

16 ноември 2016 - 13:34