Документарец на денот: Скро-Мен!

Веројатно не знаејќи дека ќе дојде ден „бардовите“ да му прават пригодни интервјуа во живо, тој самиот има направено документарец за себе, објавен пред три години на јутјуб канал со неговото име. Во описот скромно има пишано „Гласноговорник во борбата за човекови права, голем противник на дискриминацијата во секој поглед, храбар критикувач на политичко-општествените случувања, скромен хуманист, Бојан Јовановски“. Ви извади очи зборот „скромен“?

Овој чуден авто-документарец се состои од три содржински сегменти.
- Негови блиски луѓе сведочат за неговите квалитети и доблести.
- Монтирани прилози за неговите достигнувања во кариерата (учество во Фарми-марми и сл.)
- Интервју со Боки 13 во кое тој си поставува остри прашања од типот „Дали Боки е бестрашен?“, по што дополнително се прашува „А дали е храбар?“

Ако сте бестрашни, одгледајте го цело (30 мин), ако сте храбри, пробајте колку-толку.

18 јули 2019 - 14:52