Конечно прогледавме:

Бранко е најдобар!

Да, тоа е нашиот конечен одговор. Не мислевме дека ќе дојде време да мора вака да се отвориме но настаните не принудија да одбереме страна.

Видете, не беше лесно. Време е да ви кажеме дека иако Бранко е нашиот избор, одамна негуваме блиски односи и со останатите главни играчи од тројната поделба.

Во мирните времиња некако ни се чинеше нормално со сите нив да можеме да се разбереме бидејќи во суштина се добри и способни луѓе и сите тие работат најдобро што можат. Но, јасно ни е дека настаните го прегазија ваквиот опортунизам и кукавичлук и дека полека го губиме чекорот со храбрите стискачи на лајкови, демократите со закрвавени очи и останатите херои на ова време.

Затоа, повторно раскопавме по архивските снимки од поновата историја и пресековме како што пресековме.

 

27 декември 2012 - 12:15