А бре попе, караоке

Сите знаете дека на овој Илинден Аца Лукас беше во Охрид а Јоксимовиќ во Дојран, но на само малкумина посветени им е достапна тајната дека на големиот православен празник, од еден македонски манастир се ширеше гласот на пресвета Северина.

Задртото аудио население кое гравитира кон реонот на Скопска Црна Гора по меил ни се пожали дека светецот Илија, освен што со децении ја носи крајно неблагодарната функција да ја штити Македонија, од оваа година му е накалемено да биде и заштитник на караокето.

Според нивните електронски дојави, годинешниов Илинден во манастирот Свети Илија кај село Бањани бил прославен со појачало, звучници и караоке опрема. Не е познато кој чиноначалствувал со овој чин и дали музичкото уредништво на манастирот воопшто ималo врска со караокето или се работело за спонтан собир на музички истомисленици од православна вероисповед. Само знаеме дека доминирала Северина која ечела од манастирските простории.

И дека еве ја опремата:

Без потреба да драмиме околу ова, нам ни се битни две работи: каде се резервира соба и дали догодина ќе се пушта видео?

6 август 2013 - 11:01