Нова македонска мини серија:

ТВ Бокс

1 режисер, 5 актери, 30 лика. Ќе почне да се дава на Телма, од 16 октомври 2017. во 22ч. Не е „Вљубениот ерген“ па подоцна да се вклучиш. Ова е мрднеш - губиш.

Дејствието на серијата  се одвива во една телевизиска станица, каде што може да се насети како изгледа животот на телевизиските лица пред и зад камерите. Како вработените во телевизијата се справуваат со последиците од нивните одлуки на приватен и професионален план? Како се одлучува што ќе биде прикажано на малите екрани во оваа ера на т.н. пост-вистина? ТВ Бокс се бави со проблемите со кои се соочува современиот човек: од политиката до сексот, од готвењето до депресијата, од љубовните врски до корупцијата.

Кои се, шо се?

Се викаат Луменетика Проџект, ако некого занима, во Централен Регистар стојат како „Здружение за афирмација на уметност“ и во полн состав се: Златко Славенски, Ангела Стојановска, Васко Костовски, Ирена Мирческа, Владанка Димковска и Христијан Поп-Симонов.

ТВ Бокс е напишан од горенаведените.

Како гости во емисиите (as themselves) се појавуваат:
професорите: Ферид Мухиќ, Љубомир Цуцуловски, Ристо Солунчев,
бендовите: Funk Shui, Pluto’s Dobuts, Minstrell’s Gallery, Contact 59, Чиста Околина
писателите: Евгениј Хоуп и Вера Калин
ликовните уметници: Елена Чемерска и Бојан Ковски

А стварно, шо се раскажува?

„Тешко се доловува што тачно е приказната, како што тешко се раскажува Палп Фикшн (или па што има у куферот у Палп Фикшн). Отприлика, се работи за „вистината“. И за проблемите околу – во недостаток на подобар опис - „пакувањето“ на „вистината“ (што, о што ли е тоа „вистината“ и дали може воопшто да се пренесе тоа нештото што е „вистина“ без да е веќе „од нечиј агол“ и без последователната потенцијална злоупотреба на тој феномен за лични добивки).

Значи, повеќе одиме накај „вистина?“ - со прашалник на крајот, него ли „вистина:“ - со две точки на крај“, објаснува Кико Поп-Симонов, член на бандата.

Ако некого занима, ТВ Бокс е работена со многу љубов и со не многу пари.

Вкупно 5 епизоди, од по саат време. На Телма, десет ноќе.

Еве ги на Фејсбук.

11 октомври 2017 - 13:05