Телма меѓу навивачите

Кога нормалноста е нападната, нормалноста треба да се брани.

Телма вчера остро ја нападнаа зошто известува за митингот на ВМРО-ДПМНЕ, и зошто му дава толку голем простор во вестите и во Топ тема.

Да им одговорам на сите. Затоа што митингот на власта вчера беше главен настан. И ние секогаш ќе известуваме за фактите и за реалноста. Нашата улога е да информираме, а не да бидеме активни политички чинители во политички процеси кои соборуваат или инсталираат власт. Ако имавме таква агенда ќе се занимававме со политика, а не со новинарство.

Оние што најмногу ги критикуваа провладините медиуми за навивање, необјективност и игнорирање на реалноста, вчера ѝ беа лути на Телма, зашто таа не ја игнорира реалноста. Значи тие не се лути зошто во Македонија медиумите известуваат навивачки, туку зошто не навиваат за нивната страна. Телма, нема да зазима страна. Има разлика...

Атанас Кировски, директор на ТВ Телма

-------------------

во коментарите:

В.Б:.Атанас Кировски, потполно би се сложил со тебе кога би разговарале дека живееме во нормална држава.... ама Македонија во моментот не е тоа!

Атанас Кировски: Ако е така, наше е да се бориме да ја вратиме во нормалноста. Секој треба да даде придонес во својата област. Ние даваме придонес во нашата сфера.... Ако нè критикуваат заради нормалноста, без проблем ќе ги истрпиме таквите критики. 

виа ФБ

19 мај 2015 - 11:19